Simantro Beach Hotel, Sani Beach
Simantro Beach Hotel е комплекс кој е сместен на сопствена приватна плажа. Опкружен со борова шума и полиња со расцутено цвеќе, хотелот ужива привилегирана локација на Kassandra на Chalkidiki. Хотелот вклучува тениски терени, детско игралиште и рецепција која работи 24h.
Сместувачките капацитети во Simantro Beach Hotel се опкружени со убаво уредена градина. Секоја од собите располага со сеф, сопствена бања со комплетен инвентар како и сателитска телевизија.
Хотелот има ресторан и a la carte таверна, нудејќи на гостите спектар на различни вкусни јадења и специјалитети. Освен ова, на располагање е и бар покрај плажа, бар за закуска, два базени на отворено и еден затворен базен.
Тимот на аниматори во хотелот нуди широк избор на забава за сите возрасти во текот на денот и вечерните часови.
*Валидноста на специјалните промотивни понуди е во ограничен број на соби и зависи од посебните услови и политики за плаќање и се предмет на промена без претходна најава.
