Internship in Spain
Програма
Програмата за стажирање во Шпанија е наменета за професионално и едукативно развивање на учесниците, преку осигурена позиција за стажирање во реномирани шпански компании.
Оваа програма нуди единствената можност за професионално развивање, учење и работење меѓу професионалци, како и запознавање одблизу со културата и јазикот на Шпанија.
Позициите за стажирање за кои може да аплицирате се следните:
1. Позиции за стажирање во областа на туризмот и угостителство;
Кој може да учествува?
За да учествувате на програмата за стажирање потребно е да ги исполнувате следните услови:
1. Да сте редовен или вонреден студент во областа на туризам и угостителтсво;
2. Да имате дипломирано не повеќе од пред 2 години од почетната дата на договорот;
3. Да зборувате напредно ниво на англиски јазик;
4. За лицата кои ќе работат на позиција рецепција задолжително е познавање на шпанскиот јазик;
Времетраење на програмата
Програмата е во времетраење од 3 до12 месеци во зависност од желбата и можноста на апликантот.
Изборот на позиција за стажирање зависи од областа која ја изучува учесникот. Најчесто се работи во резорти со 4*-5* и ресторани со мишелин ѕвезди.
Локацијата на хотелите/рестораните може да биде низ целата држава, најчесто се поголемите метрополи и туристички места/острови.
Што вклучува програмата?
1. Обезбедена позиција за стажирање;
2. Здравствено осигурување кое го покрива периодот на стажирање;
3. Целосна помош пред заминување, за време на престојот во Шпанија, како и по враќање во Македонија;
4. Целосна помош при подготовка на документацијата за аплицирање за виза за стажирање;
5. Материјали, упатства, итн;
6. Организирање на патувањето до Шпанија:
7. Сертификат за успешно завршена програма
Што не е вклучено во програмата?
1. Виза;
2. Авионски билет
Потребни документи за аплицирање
1. Апликација;
2. Кратка биографија со слика;
3. Копија од пасош (сите страни од пасошот вклучително и празните);
4. Образец за стажирање кој потребно е да биде заверен на факултетот на кој учесникот студира/дипломирал и кој се обезбедува од страна на AmeriQuest;
5. Потврда за неосудуваност
- Учесниците кои аплицираат за стажирање во Шпанија за помалку од 90 дена, ќе треба најпрвин да извадат дозвола за вршење професионална пракса па да аплицираат за шенген виза (со посредство на AmeriQuest).
- Учесниците кои ќе аплицираат за стажирање во Шпанија подолга од 90 дена ќе треба исто така да извадат дозвола за вршење професионална пракса а потоа да аплицираат за виза за стажирање (со посредство на AmeriQuest).
- целосната документација потребно е да биде преведена на англиски јазик
Цена на програмата?
- Цената на програмата изнесува 1.000 евра;
- Задолжително медицинско осигурување во износ од 60 евра месечно;
Плата и сместување
За време на стажирањето во Шпанија, работодавецот по закон не мора да исплаќа надомест, но најголем дел од работодавците исплаќаат сума од 300 евра месечно како џепарлак и нудат бесплатно сместување и храна.
Дозвола за вршење на професионална пракса?
За да ја добиете дозволата за вршење платена пракса потребно е да ни ги доставите следниве документи:
- Потврда за неосудуваност заверена со апостил печат
- Копија од пасош сите страни вклучително и празните.
- Потврда или диплома од факултет за областа во која (сте) студирате/студирале.
- EX-04 форма, која ја добивате од страна на AmeriQuest.
- 3 изводи од банка со потврда за средства на учесникот, доколку учесникот нема сопствени средства може да приложи потврда од родител/старатаел но дополнително ќе треба да достави и изјава од родителот/старателот како потврда дека средствата се наменети за издржување на учесникот за време на стажирањето во Шпанија.
Сите документи треба да бидат преведи на шпански јазик од страна на овластен судски преведувач.
Постапка за аплицирање на програмата?
Препорачливо е учесниците да аплицираат што порано за програмата, најчесто потребно е 6 месеци од моментот на аплицирање до почетокот на стажирањето.
Чекори на аплицирање:
- Пополнување на апликација обезбедена од страна на AmeriQuest,
- Доставување на кратка биографија со фотографија;
- По разгледување на кратката биографија, доколку се квалификувате за програмата потребно е да ја уплатите првата рата од програмата која изнесува 250 евра;
- Мечирање на апликантот со работодавач;
- Интервју со работодавач;
- Доплата на програмата 750 евра;
- Документите за стажирање и сите формулари од страна на спонзорот се доставуваат до AmeriQuest, со цел започнување на постапката за добивање на дозволата за вршење на професионална пракса.
- Интервју за виза