Study & Train in Spain

Програма

Study and Train in Spain претставува програма за професионален и едукативен развој на студенти и млади професионалци со амбиции да го научат и усовршат шпанскиот јазик, а истовремено да се стекнат со меѓународно искуство од областа на туризмот и хотелиерството.

Програмата нуди извонредна можност за стажирање во повеќе од 500 хотели, ресторани, Spa и wellness центри низ цела Шпанија: Барселона, Канарски острови, Мајорка, Коста Брава, Мадрид, Гранада, Марбела и Коста Дел Сол.

За време на едукативниот период, учесниците ќе имаат можност да бидат дел од интерактивна средина каде во зависност од нивните цели и интереси, ќе изучуваат модули од областа на угостителството, хотелскиот менаџмент или интернационалниот туризам. Покрај часовите кои ќе се одвиваат на англиски јазик, сите учесници ќе посетуваат и курс по шпански јазик.

Училишниот кампус се наоѓа во Барселона. Времетраењето на обуката, бројот на часови и обемот на материјали е во зависност од програмата која ја избрал учесникот. По успешно завршување на едукативниот период, учесниците заминуваат на стажирање кај избраниот работодавец.

Искористете ја шансата да живеете во Шпанија, да ја истражите нејзината култура, вложете во Вашето знаење и збогатете ја Вашата биографија со интернационално работно искуство.

Кој може да учествува?

1. Лица на возраст од 18 до 30 години со или без работно искуство;
2. Минимум завршено средно образование или образование еквивалентно на барањата за програмата;
3. Напредно познавање на англиски јазик (шпански јазик се смета за предност)

Типови на програми

SHORT CERTIFICATE I

Програма која вклучува само период на стажирање кај избран работодавец. Право на учество имаат само студенти кои студираат на факултет за туризам и угостителство, хотелски менаџмент или се на департмент директно поврзан со секторот за туризам и угостителство.

Времетраење на програма: 3 месеци (only Work Placement)

Цена на програма: 750€

SHORT CERTIFICATE II

Овој тип на програма вклучува слушање на online курс по шпански јазик и академски модули од избраната област. Во истиот период учесникот стажира кај избраниот работодавец. Право на учество имаат студенти од повеќе факултети и образовни насоки.

Времетраење на програма: 3 месеци (Online study plus Work Placement)

Цена на програма: 890€

SEMESTER ABROAD

Овој тип на програма вклучува еден месец престој во Барселона, време за кое апликантот изучува академски модули од областа на угостителството, хотелскиот менаџмент или интернационалниот туризам. По завршување на периодот од еден месец, учесникот заминува на стажирање кај избраниот работодавец во период од дополнителни пет месеци. Последните два месеци од програмата, учесникот продолжува со слушање на online курс со цел доедукација која е потребна за добивање на сертификат и препорака од работодавецот.

Времетраење на програма: 4-6 месеци

1 месец едукативен период + 3 месеци (Work Placement) и последните 2 месеци (Online курс + Work Placement)

Цена на програмата: 990€

CERTIFICATE

Овој тип на програма вклучува два месеци престој во Барселона, време за кое апликантот изучува академски модули од областа на угостителството, хотелскиот менаџмент или интернационалниот туризам. По завршување на периодот од два месеци, учесникот заминува на стажирање кај избраниот работодавец во период од дополнителни шест месеци. Последните три месеци од програмата, учесникот продолжува со слушање на online курс со цел доедукација која е потребна за добивање на сертификат и препорака од работодавецот.

Времетраење на програма: 7-8 месеци

2 академски месеци + 3 месеци (Work Placement) и последните 3 месеци (Online курс + Work Placement)

Цена на програмата: 1890€

Што вклучува програмата?

1. Обезбедена позиција за стажирање;
2. Бесплатно сместување и храна за време на работниот период (обезбедено од страна на работодавецот);
3. Сертификат за успешно завршена програма признат во сите земји каде се признаени дипломи од универзитетите во Европската унија;

Што не е вклучено во програмата?

1. Такса за виза за Шпанија;
2. Авионски билет;
3. Здравствено осигурување;
3. Сместувањето во Барселона во периодот додека трае курсот по шпански јазик и академските модули кои кореспондираат на избраната програма е на сопствен трошок;

Напомена: Online курсевите се слушаат додека сте на престој кај работодавецот каде имате обезбедено сместување и храна.

РАБОТНИ ЧАСОВИ И ПОЗИЦИИ

1. 40 работни часови седмично;
2. Позиции за стажирање како рецепционери, туристички водичи, келнери, готвачи, помошници готвачи, спасители и сл.

НАДОМЕСТ ЗА СТАЖИРАЊЕ

1. Почетниот надомест започнува од 300€ + бонуси;

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА АПЛИКАЦИЈА

1. Апликација;
2. Диплома за завршено образование, вклучително и превод на англиски јазик;
3. Потврда за редовен студент (Апликанти кои сеуште се на студии);
4. Резиме со слика и мотивационо писмо, на англиски јазик;
5. Копија од валиден пасош;
6. Две фотографии со пасошки формат на бела позадина;

Можност за продолжување по успешно завршување на првата година