Work & Travel USA
Програма
Work and Travel USA е програма за културна и образовна размена на студенти и е под директна надлежност на Државниот Департмент на САД.
Ова е најдобрата шанса на секој редовен студент да замине во САД, да работи легално, да си ги покрие трошоците за програмата и да се врати со мала заштеда.
Основна цел на овие програми не е работата и заработката на пари. Целта на оваа програма е да се даде можност на учесниците одблизу да се запознаат со начинот на живот и работата во САД, да запознаат многу нови пријатели од целиот свет, да патуваат, да заработат нешто и да можат сами да си го финансираат понатамошното студирање.
Вистината е дека учесниците во овие програми се враќаат променети уште при првото заминување – животот брзо ги учи на самостојност и одговорност кон работата, повеќе го ценат трудот, парите и пријателите, и имаат поголема сигурност и самоувереност при справување со новите животни предизвици.
Основни можности кои ги предлага оваа програма се:
1. Работна дозвола за 4 месеци (во периодот од мај до октомври);
2. Осигурување на работна понуда кај проверен работодавец, вообичаено во сферата на туризмот и угостителството: хотели, ресторанти, забавни паркови, продавници и др.;
3. Можност за наоѓање втора/дополнителна работа;
4. Право на едномесечен туристички престој по четвртиот месец
Work and Travel дава можност за:
1. Запознавање од блиску со начинот на кој работат и живеат Американците;
2. Стекнување на многу нови пријатели од различни држави и националности;
3. Справување во нај различни ситуации; Создавање на контакти кои ќе ти помогнат во иднина;
4. Посета на сите места кои сакаш да ги видиш во САД.
Кој може да учествува?
За да учествуваш во WAT USA неопходно е:
1. Да си редовен студент;
2. Да си меѓу 18 и 28 години;
3. Да имаш познавање на англиски јазик
Колку чини?
Во зависност од програмата која ќе ја избереш:
1. Осигурување на работна понуда во сопствена режија
2. Осигурена работна понуда од наша страна
3. Осигурена работна позиција како спасувач
Цената вклучува:
· Медицинско осигурување за 4 месеци
· Административна обработка на документите
· Тест по англиски јазик
· Обезбедување на работна позиција (за вториот и третиот вид на програми)
· Обезбедена обука за спасувачи во траење од 5 работни денови. Обуката се состои од практичен и теоретски дел, а ќе се спроведе од страна на инструктори од САД. Секој студент кој успешно ќе ја заврши обуката ќе се стекне со светски признати сертификати за прва помош и масажа на срце.
Цената не вклучува:
· Такса за американска виза – $160
· SEVIS такса $35
· Авионски билет чија вредност варира во зависнот од далечината односно дали леташ до источното или западното крајбрежје… како и тоа дали ќе купиш сам билет по единична цена или ќе ја искористиш понудата од нашата агенција за групни билети при која ќе добиеш поевтина цена.
Запишување
Запишувањето и аплицирањето за програмата почнува уште од почетокот на студентската година па се до крајот на април.
Колку порано се запише учесникот во програмата, толку полесна ќе биде организацијата и се разбира помали ке бидат трошоците во однос на авионскиот билет. Регистрацијата во програмата може да ја направите во нашата канцеларија. Потоа учесникот пополнува апликација со неопходните податоци, ги доставува потребните документи, потпишува договор и го уплаќа депозитот за учество.
Запишувањето за Work and Travel се сведува на неколку чекори, односно:
1. Регистрација
Регистрацијата е бесплатна и може да се направи online или во нашата канцеларија.
2. Приложување на документи
Документи
По регистрирањето потребно е во нашата канцеларија студентот да ги донесе следниве документи:
1) Индекс (оригинал плус копија од сите страни кои содржат информации);
2) Уверение за редовен студент плус превод на англиски јазик;
3) Уверение за неосудуваност плус превод на англиски јазик;
4) Пасош – оригинал плус копија на страната со лични податоци и визи;
5) Копија од претходно издадена Ј1 виза (доколку студентот има претходна J1 виза);
6) Слика
7) Депозит од 250 УСД во денарска противредност, кој треба да се уплати на трансакциска сметка на AMERIQUEST
Работни позиции
Најчести работни позиции се:
· Ride operators (работа во забавен парк, управување и контрола на возилата во забавниот парк и слично)
· Games operators (работа во забавен парк, управување со игрите во паркот)
· Housekeeping ( одржување на хотелските соби, чистење со правосмукалка, чистење бањи, менување постелнина, местење кревети и сл.)
· Kitchen Help (миење садови, подготвување на храна, чистење на кујната, помош на главниот кувар, и сл.)
· Maintenance (поправка на скршени работи, косење трева, пренесување мебел, чистење базени, и сл.)
· Sales Help ( помош при продажба, помош при наплата, помош на клиенти, чистење и сл.)
· Amusement Park Work ( најразлични работни позиции кои вклучуваат работа во забавни паркови)
· Waiter/waitress (работа во хотели и ресторани како келнер/ки)
· Lifeguard (работа како спасувач на базен или на плажа)
· Fast food server (работа во ресторан за брза храна)
· Cashier (Касиер/ка во ресторани за брза храна, продавници и слично)