Trainee & Internship Program USA

Програма

Дали си заинтересиран да изградиш кариера во САД? AmeriQuest ти овозможува можност за професионално развивање во САД. Студенти или пак млади професионалци може да аплицираат за овие програми.

Пред заминувањето учесниците треба да имаат осигурено позиција за стажирање во американска компанија. Областа во која може да стажираат треба да биде сврзана со смерот кој го изучуваат на факултет. Времетраењето на специјализацијата може да биде за максимален период од 18 месеци (нема ограничување во однос на почетната и крајната дата на договорот).

Оваа програма се нуди во текот на целата година.

Учесниците не може легално да работат на повеќе од една позиција.

Понудата за стажирање се осигурува од страна на кандидатите како и од страна на AmeriQuest

Кој може да учествува?

За да учествуваш во Trainee Program потребно е:

– Да имаш универзитетска диплома и најмалку една година работно искуство или да немаш универзитетска диплома но да имаш минимум 5 години работно искуство во областа за која аплицираш

За да учествуваш во Intern Program потребно е:

– Моментално да си студент или пак да имаш дипломирано неодамна (помалку од 12 месеци од почетокот на програмата)

Што вклучува цената?

Цената на Trainee/Intern програмите вклучува:

– DS2019 формулар кој е неопходен за издавање J1 виза и обезбедува легален работен престој во САД за определен период на време;
– Здраствено осигурување за целиот престој;
– Осигурена работна позиција (за full placement опцијата);
– Асиситирање пред заминување, за време на престојот во САД како и по враќањето во Македонија;
– Целосна помош и 24 часовна линија од нашиот спонзор;
– Материјали, упатства и др.;
– Организирање на патувањето до САД;

Цената не вклучува:

– Авионски билет
– Такса за интервју за виза
– Државна административна такса SEVIS;

 

Запишување

За да учествуваш во програмата потребно е:

– Да ја пополниш апликацијата која можеш да ја добиеш во канцеларијата на AmeriQuest
– Да доставиш слика
– Диплома за завршено високо образование (оригинал плус копија) или индекс (оригинал плус копија) и уверение (вклучително и преводи на англиски јазик)
– Пасош (оригинал плус копија на сите страници со информација)
– Копија од претходна J1 виза (доколку имаш таква) како и копија од DS2019

Работни позиции