H2B
Програма
Според имиграциониот закон на САД постојат повеќе категории на визи наменети за лица кои сакаат да работат привремено во САД. H-2B визата се однесува на привремена или сезонска работа на лица кои не работат во земјоделство. Н-2В привремената работна програма е основана во 1990 година од страна на Конгресот во САД. Барањето за привремени работници се одобрува на компании чии работни позиции не можат да се пополнат од страна на локалното население. За оваа виза се бара согласност од Министерството за труд во САД. На годишно ниво дозволено е издавање на вкупно 66.000 Н-2В визи. Периодот на траење на визата е до максимум 12 месеци.
За да може едно лице да поднесе барање за Н-2В виза, потребно е идниот работодавач или агент да поднесе барање за неиселеничка работна виза на образецот I-129 во Службата за внатрешна безбедност (DHS). Доколку барањето се одобри, на работодавачот или агентот му се испраќа писмено одобрување, на образецот I-797.Кога аплицирате за виза, потребно е да прикажете ОРИГИНАЛ образец I-797. Одобрувањето на петицијата не значи издавање виза од страна на амбасадата.
Пријава за H-2B виза може да се поднесе до 90 дена пред почетокот на вработувањето, но лицето може да влезе во САД само 10 дена пред да започне неговото одобрено вработување (имиграцискиот службеник може да не дозволи влез во САД ако се користи визата пред споменатите 10 дена).
H-2B е програма за привремена работа која им овозможува на лицата од странство да работат и да престојуваат легално во Соединетите американски држави. Програмата H-2B има за цел да ги компензира американските компании за недостигот на работници, така што тие можат да функционираат ефикасно и без прекини.
Кој може да учествува?
Право на учество во програмата H-2B им се дава на лица кои:
• Се македонски државјани;
• Имаат познавањe на англиски јазик;
• Имаат чиста криминална и/или прекршочна историја;
• Соглсасни се да се вратат во својата земја по завршувањето на програмата;
• Се толерантни, флексибилни, прилагодливи, совесни, вредни;
• Немаат здравствени проблеми кои би можеле да се пречка за извршување на работните задачи
• Имаат добра физичка способност
Прифаќањето на учесникот во програмата е дискреционо право на работодавецот од САД
Колку чини?
Оваа програма е бесплатна за учесникот. По пристигнување во САД, на учесникот му се рефундираат средствата уплатени за виза како и средствата уплатени за авионскиот билет.
Запишување
Аплицирањето за оваа програма се одвива во текот на две сезони (зимска или летна). Во зависност од отворените позиции, AmeriQuest ќе повремено ќе објавува отворени повици за аплицирање.
Документи
Барањето за издавање на Н-2В виза се доставува во Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Скопје.
Барањето се поднесува со посредство на AmeriQuest.
Интервјуто за виза се спроведува лично во Амбасадата на Соединетите Американски Држави.
AmeriQuest ќе ја обезбеди целокупната потребна документација за програмата.
Потребни документи:
• Документ I-797 (овој документ е обезбеден од страна на AmeriQuest)
• Валиден пасош
• Сертификат за завршена обука (доколку е потребно обука)
• DS-160 формулар за виза. Формуларот претставува барање за издавање на виза во САД и може да се најде на следниов линк: https://ceac.state.gov/genniv
• Потврда од работодавачот дека учесникот на програмата е во постојан работен однос и дека добил отсуство од работа за време на програмата (доколку лицето е вработено во Македонија).
• Една фотографија од 5 см x 5 см на бела позадина.
• Сите докази што учесникот на програмата може да ги собере во врска со социјални, економски и семејни врски со местото на живеење за кое тој или таа би бил должен да се врати.
• Потврда дека учесникот не е гонет или осуден
• Претходни визи во САД за оние кои веќе биле во САД
• На барање на конзулатот на САД и некои дополнителни документи
Доколку учесник на H-2B програмата е студент, потребно е да ги приложи дополнително и следниве документи:
• Индекс
• Уверение за редовен/вонреден студент издаден од страна на факултетот
• Уверение за положени испити.
Датумите за интервју, процедурите за виза и одобрението за виза се во надлежност на Амбасадата на Соединетите Американски Држави.
Работни позиции
• Соодветна опрема за работа;
• Шанса за многу прекувремени часови;
• Можност за напредување во рамките на организацијата;
• Превоз од Сиетл или Енкориџ до фабриката и назад (по успешно завршена сезона).
Сместувањето е од колективен тип со одделни женски и машки делови во близина на фабриката, а кантина е веднаш до фабриката.
Поради специфичната природа на бизнисот и природните фактори кои влијаат на оваа индустрија, невозможно е однапред да се прецизира точните датуми на спроведување на програмата, но се очекува зимската програмата да се спроведе помеѓу јануари и април, а летната програма да се спроведе меѓу април и октомври.
На сите учесници на програмата ќе им бидат исплатени половина од трошоците за авио билетот и визата по завршувањето на првата половина на програмата, а другата половина од трошокот за авионскиот билет и визата ќе бидат надоместени откако програмата ќе биде успешно завршена.
За сите учесници кои ги исполнуваат условите и се одбрани од страна на работодавачот за лично интервју, ќе биде организиран Саем за вработување (Job Fair). Детали за саемите за вработување ќе бидат дополнително соопштени во зависност од отворените позиции. Сите учесници кои ќе влезат во потесениот избор ќе бидат веднаш поканети на презентација на програмата (времето и местото дополнително ќе се утврди во зависност од отворените повици)
Што најчесто се работи во фабриките за риби?
Овие фабрики ја обработуваат рибата од моментот кога пристигнува во фабриката сè додека не се преработи, без оглед дали е замрзната или конзервирана. Во оваа смисла, учесниците најчесто вршат задачи поврзани со сортирање риби, сечење, чистење, одвојување јајца, филетирање, пакување, пренесување на пакувани производи во ладилници, конзервирање и слично.
Колку се работи и од што зависи колку работа ќе има ?
Работата е директно поврзана со потребите на компаниите и најважниот фактор што ги дефинира потребите на компаниите е количината на риба достапна за преработка. Не е можно да се предвиди колкава риба ќе биде достапна за преработка, а фактори што можат да влијаат на ова се временските услови, миграцијата на рибите и можните забрани за риболов во одредени периоди за да се зачува биолошката рамнотежа.
Што претставува прекувремена работа?
Прекувремената работа се смета секој ча изработен с по 40 часа во една работна седмица или секој изработен час по 8 часа доколку се гледа на дневна основа.
Како е прекувремената работа поразлична од редовната работа?
Прекувремена работа се плаќа 50% повеќе од редовната работа (На пример, ако еден обичен час се плаќа $10 на час, прекувремената работа ќе се плаќа $15 на час).
Дали е ова машка или женеска работа?
Во фабриките може да работат женски и машки лица.
Плата и сместување
Во зависност од компанијата како и од тоа дали учесникот работел претходно за истата компанија, платата е различна. Минималната плата изнесува $15.85 на час, а прекувремената работа изнесува $23.77 на час. Исто како и платата, трошокот за сместување е различен во зависност од компанијата. Сепак, максималниот трошок за сместување со обезбедена храна (3 топли оброци и вклучителни закуски,кафе и чај) изнесува $15 на ден.