Germany Tax Refund
Даноци во Германија
Како и сите што работат во Германија, така и учесниците во програмите од културна и образовна размена се подложни на плаќање на даноци. Даноците се задржуваат директно од платата Добра вест е дека по враќањето во Македонија, учесниците можат да ги вратат платените даноци. Тоа е доколку по враќањето во Македонија ги поднесат соодветните документи во AMERIQUEST.
Подавање на документи за повраток на даноците
Потребни документи за повраток на данокот се:
1. Апликација (ја добивате од нас)
2. Копија од Вашиот пасош
3. Копија од визата (доколку имате)
4. Lohnsteuerbescheinigung од секој работодавец
5. Информации за банкарска сметка (девизна сметка)
Што е Lohnsteuerbescheinigung?
Lohnsteuerbescheinigung е официјален документ од Германската даночна служба (Finanzamt) кој ги содржи информациите за Вашата заработка и колку данок сте платиле. Овој документ работодавецот е должен според закон да го достави по електронски пат до Германската даночна служба најдоцна до 28 февруари. Хартиена копија најчесто работодавците им ја даваат на своите вработени некаде околу почетокот на месец февруари. Доколку извештајот не го добиете до 15 февруари, исконтактирајте го Вашиот работодавец за да Ви го испрати по електронски пат или редовна пошта.
Вашиот Lohnsteuerbescheinigung можете да го добиете и пред истекот на фискалната година, но за тоа потребно е да го известите Вашиот работодавец две до три седмици пред истекот на Вашиот договор за да може да го припреми.
кој е начинот на повратокот на средствата од данокот?
Средствата се исплаќаат на Вашата девизна сметка.
Колку трае процесот на повратокот на данок од Германија?
Просечното време за чекање на средствата од данокот е 6-12 месеци. Даночната служба на Германија нема законски временски рок во кој мора да се исплати данокот.