Camp Counselor Program USA
Програма
Camp counselor претставува програма за културна и образовна размена на учесниците која е под директна надлежност на Државниот департмент на САД.
Оваа програма им овозможува на учесниците дел од летниот период (до 4 месеци) да го поминат во САД, како дел од тимот на еден од илјадниците летни кампови низ САД.
Првиот summer camp во Америка е започнат дури во далечната 1861 година и од тогаш па досега е навлезен длабоко во американската култура. Годишно на летни кампови учествуваат околу 10 милиони деца и млади најчесто од 6 до 16 години.
Искористете ја оваа можност да го запознаете американскиот начин на живот,живеејќи и работејќи меѓу американци на повеќе од стотици различни локации низ САД.
Постојат неколку различни видови на летни кампови од кои може да бидете дел: камп само за момчиња, камп само за девојчиња, камп на кој можат да земат учество момчиња и девојчиња, верски кампови, кампови специјализирани за музика, глума, танц, уметности итн.Летните кампови во САД работат најчесто од почетокот на јуни па се до крајот на август.
Во текот на 16-седмичниот престој ќе имате можност да посетите и дел од атрактивните локации кои се во Ваша близина. Далечните дестинации од Вашиот список на желби ги оставате за крај, бидејќи по завршување на престојот во летниот камп имате дополнително еден месец за туристички престој во Америка.
Како изгледа еден ден во кампот?
Подолу на оваа табела може да видите како изгледа еден типичен ден на камп:
7:00 | Будење |
7:30 | Доручек |
8:15 | Подигање на знаме |
9:00 – 11:30 | Утрински активности (спорт, уметности) |
12:00 | Ручек |
13:00 | Одмор |
14:00 – 15.15 | Попладневни активности (музика, глума, спорт) |
15.15. | Ужина |
15.45 – 17.00 | Тимски спортови |
18:00 | Вечера |
19.15 | Вечерни активности (талент шоу, активности покрај логот итн.) |
21.00 | Спиење |
Активностите во секој камп се различни, но бидете подготвени за многу забава!! Улогата на интернационалните учесници на оваа програма вклучува грижа за учесниците на летните кампови кои се на возраст од 6 до 16 години како и обезбедување на безбеден и забавен престој на истите. Преку оваа програма учесниците имаат шанса да ја споделат својата култура со камперите и да ги научат на специфични игри од својата држава и култура. Програмата нуди шанса да ги споделите Вашите знаења и Вие да ги организирате активностите односно доколку сте добри во фудбал или свирите на некој инструмент можете да направите активност за својата група на кампери поразлична од другите. Можете дури и да помагате во кујната, чистењето на кампот доколку сакате да имате дополнителен приход за време на престојот во кампот.
Кој може да учествува?
За да учествуваш на оваа програма потребно е да ги исполнуваш следниве услови:
1. Да си на возраст од 18-30 години;
2. Да имаш познавање на англиски јазик.
Цена на програмата
Цената на програмата изнесува 500 УСД
Што вклучува цената на програмата?
1. Обезбедена позиција како дел од тимот одговорен во летниот камп;
2. Обезбедено сместување;
3. Обезбедена храна;
4. Здравствено осигурување за престојот од 16 седмици;
5. Организирање на патувањето до САД;
6. Целосна помош при аплицирање, пред заминување и за време на престојот во Америка;
7. Материјали, упатства итн.
Што не е вклучено во цената на програмата?
1. Таксата за виза;
2. Авионски билет;
3. SEVIS такса ($35)
Времетраење
Времетраењето на програмата е со максимална должина од 4 месеци вообичаено 16 седмици
Надомест
На секој учесник кој ќе биде дел од тимпот во летниот камп му следи надосмест во висина од $1.600 за 16 седмици престој во Америка.
Запишување
Запишувањето на програмата се одвива во два чекора, односно:
1. Регистрирање (пополнување на апликација во една од нашите канцеларии)
2. Приложување на документи ( пасош, резиме со слика, потврда за редовен студент доколку сеуште студирате)
Аплицирањето за програмата трае во периодот од септември 2016 година до март 2017 година, за летната сезона 2017 год.