Alia Palace 5* – Pefkohori, Halkidiki
Alia Palace Hotel е лоциран во Pefkohori, на неколку минути пешачење од плажа и на 500 метри оддалеченост од многу продавници, ресторани и ноќни клубови. Хотелот со 5* е поставен на прекрасна, мирна локација со поглед на заливот.
Хотелот нуди бесплатен shuttle-автобус до плажата. По релаксирање на плажа или покрај базенот, гостите можат да се релаксираат во Spa центарот на хотелот. На располагање е и фитнес центар без дополнителен трошок.
Комплексот располага со два ресторани (a la carte & buffet-style) каде се нуди убаво вино и кујна со автентични грчки вкусови. Пијалоци и кафе се предвидени во барот покрај базен а коктел за добредојде се служи на сите гости по пристигнување. За секојдневните потреби, на располагање е и мини-маркет со сите основни намирници.
