TEACH USA

Програма

TEACH USA е програма за културна и образовна размена на  наставници и професори во САД. Оваа програма е под директна надлежност на Државниот Департмент на САД.

Целта на оваа програма е учесниците, наставниците и професорите подобро да се запознаат со американскиот образовен и наставен систем, и да придонесат за подобрување на знаењето кај американските ученици во однос на културата, традицијата и наставните методи на странските земји.

Оваа програма им овозможува на професорите и наставниците да работат со полно работно време во американски основни и средни училишта во времетраење од 1 година (со можност за продолжување до максимум 5 години).  Наставниците (учесници преку оваа програма) имаат исти бенефиции и услови за работа како и американските наставници, што значи дека и платата е на исто ниво како онаа со нивните наставници (според квалификациите кои ги имаат).

Наставниците може да предаваат предмети во основно и средно образование, односно:

  1. одделенска настава;
  2. предметна настава: математика, природни науки, јазици (кинески, германски, итн) образование за лица со посебни потреби, уметност и музика.

Можностите кои ги овозможува TeachUSA програмата се следниве:

  1. Работна дозвола за работа во основно или средно училиште со полно работно време во времетраење од 1 година (со можност за продолжување до најмногу 5 години);
  2. Платата на годишно ниво од $30.000 до $60.000 (Платите се на исто ниво како американските наставници. ) Платата се утврдува во зависност на искуство и локацијата каде учесникот ќе биде лоциран. Со договорот за вработување се одредува и годишната плата на наставникот/професорор. Периодот на вработување на наставниците во САД е 10 месеци. Висината на платите на наставниците зависат од областа во која предаваат, некои наставници се платени и за време на летниот период некои не, во зависност од училиштето каде предаваат;
  3. Можност за J-2 виза за сопружници и деца. Секој учесник кој е во брак и има деца, има можност да обезбеди легален престој за својата фамилија. Со J-2 визата, сопружникот има можност легално да престојува и работи во САД за време на програмата, а децата имаат можност да го продолжат своето школување во САД;
  4. Стекнување на меѓународно работно искуство;
  5. Можност да станете глобален наставник. Да се запознаете одблизу со американскиот образовен систем, да научите нови наставни методи и да внесете интернационален дух во предавањата и наставната програма кај американските ученици.
  6. Одлична можност за интегрирање во американската култура и начин на живот. Стекнување на многу нови пријатели и работа со американски наставници;
  7. Најчесто наставниците на оваа програма предаваат во училишта во некоја од Јужните држави на САД, но постои можност за лоцирање и во друг дел на САД.
  8. Постои можност за одредување на локација (држава) по желба на учесникот, но тоа зависи од повеќе фактори: отворени позиции во тие училишта, временскиот фактор, поседување на лиценца итн. По одредувањето на локација не постои можност за промена.

КОЈ МОЖЕ ДА УЧЕСТВУВА?

  • Лица со завршено високо образование соодветно на работното место за кое аплицираат;
  • Предност имаат кандидатите кои моментално се во редовен работен однос;
  • Лица кои имаат минимум две години работно искуство како наставник/професор со полно работно време по дипломирањето. (Работното искуство не подразбира волонтерска работа, замена на друг наставник/професор или држење на настава на предмет кој не е одговара на оваа програма);
  • Предност имаат кандидатите кои до моментот на аплицирање имаат повеќе од 5 години работно искуство;
  • Лица кои имаат диплома од додипломски студии во областа во која ќе предавааат во САД;
  • Предност имаат кандидатите кои имаат завршено и постдипломски студии;
  • Лица кои имаат напредно ниво на англиски јазик (пишан и говорен):
  • Лица кои НЕ се државјани на САД;
  • Лица со чиста криминална и прекршочна историја.
  • Лица кои имаат оцена на кредити од одобрена американска агенција. Повеќе информации во однос на тоа како да ја докажете еквиваетноста на дипломата можете да добиете на следниот линк: https://www.ece.org/ECE/Individuals/Professional-Licensure-Reports
  • Лица кои имаат диплома од акредитиран факултет или универзитет и признаен од американска агенција
  • Лица кои ги задоволуваат барањата за сертификација на државата во која ќе работат.

Не постои старосна граница за аплицирање на оваа програма. 

ЦЕНА НА ПРОГРАМАТА:

Оваа програма е бесплатна за учесниците. Дополнително, ччесниците на TeachUSA програмата не плаќаат задолжително медицинското осигурување  и SEVIS такса.

Трошоците надвор од програмата кои учесникот треба да ги покрие:

  • Такса за виза (160 УСД)
  • Авионски билет (600-900 УСД)

ШТО ВКЛУЧУВА ПРОГРАМАТА?

  • Професионална поддршка за поврзување на наставниците и училиштата;
  • Правна поддршка за целосниот виза процес и процес за добивање на целокупната документација;
  • Помош и поддршка во процесот на патување и локалната заедница;
  • Ориентација пред заминување и ориентација по пристигнување во САД;
  • Поддршка за обезбедување на сместување;
  • Поддршка за отворање на банкарска сметка;
  • Поддршка за обезбедување медицинско осигурување.
  • Поддршка за обезбедување на американска лиценца за наставници. Повеќето училишта не бараат лиценца пред пристигнувањето. Доколку е потребна сертификација, наставниците ќе бидат ангажирани  под услов дека ќе ја добијата лиценцата во одреден временски период по пристигнување. Поради оваа причина оваа програма нуди можност за сертификација на учесниците во текот на првиот семестар при што наставникот има можност да работи додека неговата/нејзината апликација е во тек.
  • Професионален развој.
  • 7/24 поддршка во случај на итни ситуации

АПЛИЦИРАЊЕ

  • Аплицирањето започнува на 1 јануари и трае заклучно до 30 април секоја година.
  • Во периодот од мај до крајот на јуни се вршат интервјуа со избраните кандидати.
  • Аплицирањето за виза се врши во јули.
  • Пристигнување во САД од 15 јули до 15 август.
  • Стартниот договор започнува од август и трае до мај наредната година (времетраење на училишна година во САД)

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ

  • Професионално резиме (CV);
  • Фотографија;
  • Пасош;
  • Професионални препораки од училиштата каде има предавано. (3 препораки)
  • Дипломa од средно или високо образование (судски преведени и заверени на нотар).
  • Уверение за завршено високо образование (судски прведено и заверено на нотар).
  • Уверение за неосудуваност;

СМЕСТУВАЊЕ:

 Учесниците добиваат асистенција за обезбедување соодветено сместување во непосредна близина на училиштето. За постојано сместување наставниците обично изнајмуваат стан.  Трошоците за сместување се на сметка на учесниците (наставниците).