WAT Germany

ПРОГРАМА

Work and Travel Germany е програма за културна и образовна размена на студенти.
Ова е најдобрата шанса на секој редовен студент да замине во Германија, да работи легално, да си ги покрие трошоците за програмата и да се врати со мала заштеда.
Целта на оваа програма е да се даде можност на учесниците одблизу да се запознаат со начинот на живот и работата во Германија, да запознаат многу нови пријатели од целиот свет, да патуваат, да заработат нешто и да можат сами да си го финансираат понатамошното студирање.

Основни можности кои ги предлага оваа програма се:

  1. Работна дозвола за максимум 90 дена во две сезони: зимна сезона и летна сезона.;
  2. Осигурување на работна понуда кај проверен работодавец, вообичаено во областа на туризмот и угостителството.;

Work and Travel Germany дава можност за:

  1. Запознавање од блиску со начинот на кој работат и живеат Германците;
  2. Стекнување на многу нови пријатели од различни држави и националности;
  3. Справување во нај различни ситуации; Создавање на контакти кои ќе ти помогнат во иднина;
  4. Посета на сите места кои сакаш да ги видиш во Германија.

КОЈ МОЖЕ ДА УЧЕСТВУВА?

За да учествуваш во WAT Germany неопходно е:

  1. Да си студент;
  2. Да имаш меѓу 18 и 35 години;
  3. Да имаш познавање на Германски јазик минимум А2 ниво или Англиски јазик.

ЗАПИШУВАЊЕ

Запишувањето и аплицирањето за програмата се одвива во текот на целата година.
Регистрацијата во програмата може да ја направите во нашата канцеларија.

Учесникот пополнува апликација со неопходните податоци, ги доставува потребните документи, потпишува договор и ја плаќа таксата за учество во програмата.

При аплицирањето се врши тестирање за познавање на германскиот јазик или англискиот јазик.

Запишувањето за Work and Travel се сведува на неколку чекори, односно:

  1. Регистрација/тестирање за познавање на германски јазик/англиски јазик
  2. Приложување на документи

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ

По регистрирањето потребно е во нашата канцеларија студентот да ги донесе следниве документи:

  1. Апликација (образецот ќе го добиете од AmeriQuest)
  2. Резиме на германски јазик (образецот ќе го добиете од AmeriQuest))
  3. Потврда за редовен студент заверена на факултет (образецот ќе го добиете од AmeriQuest))
  4. Копија од пасош со важност најмалку 6 месеци од датумот на излез од СР Германија.
  5. 2 фотографии пасошки формат

РАБОТНИ ПОЗИЦИИ И СААТНИНА

Работните позиции се најчесто во ресторани за брза храна во Германија, но нудиме и работа во други области. Работата која ќе Ви биде понудена соодветсвува со нивото на Вашето познавање на германскиот/англиски јазик.

Саатнината за студентите е идентична како и за германците. Платата се исплаќа еднаш месечно.

Висината на саатницата изнесува 9,96 евра на час.

СМЕСТУВАЊЕ

Постојат работодавачи кои нудат сместување и/или храна и трошоците ги одбиваат од Вашата плата. Најчесто ќе делите соба или стан со други студенти. Доколку работодавачот не Ви нуди сместување, тогаш обврската да најдете сместување е ваша.

ВИЗА

Од јуни 2010 година нема потреба од вадење визи за сезонска работа во Германија. За да се евидентира вашиот престој во Германија, потребно е да се пријавите во општината во која работите и живеете.

Престојот на студентите кои доаѓаат од Македонија треба да биде одобрен преку ZAV ( Zentrale Auslands – und Fachvermittlung), а со самото тоа и работното место кое ќе Ви биде понудено треба да ги исполнува критериумите на ZAV. Документот што ќе го добиете како официјален документ за работа треба да има печат од ZAV.