Study & Train USA

Престојувајте до 36 месеци во САД со студентска виза која дава можност за платено стажирање за време на студирањето. Ова е можно со некои од специјално развиените програми на одредени државни универзитети, кои овозможуваат на студентите кои го завршиле првиот циклус на студии да добијат магистерска диплома и воедно самостојно да си го овозможат финансирањето на престојот.

Наставниот план им овозможува на младите кои го завршиле првиот циклус од студирањето, да поминат повеќе од две години во САД, при што имаат можност за стажирање истовремено завршувајќи ги своите магистерски студии во која било од следниве специјалности:

– Master of Business Administration
– Master of Science in Computer Information Systems
– Master of Science in Nursing Administration or Master of Science in Healthcare

Овие програми се нудат на универзитетите во:

Los Angeles / California / – 36-месечна магистерска програма
Salt Lake City / Utah / – 18-месечна магистерска програма
Phoеnix/ Arizona / – само IT, 24-месечна магистерска програма
Washington DC – 24-месечна магистерска програма

Со цел да се овозможи стажирањето на студентите, станува збор за флексибилна наставна програма, каде што часовите се одржуваат во вечерните часови или пак за време на викендите.

Школарините се движат од 7000 УСД до 20.000 УСД годишно во зависност од универзитетот како и времетраењето на програмата.

Аплицирањето за оваа програма се врши 4 пати годишно, бидејќи наставата е во 4 семестри секоја година и може да се аплицира секој семестар.

За да може да се квалифилификувате за оваа програма потребно е:

1. Да имате завршено прв циклус на образование (задолжително 3 години).
2. TOEFL / IELTS (за универзитетите во Salt Lake City, Phoеnix и Washington DC)
• За MBA не е задолжително да имате завршено Економски факултет, односно во овој случај имате дополнителни предмети
3. Минимален просек од првиот циклус на студии 8

Плаќање:
$200 трошок за апликација;
$200 SEVIS;
$160 Visa;

По добивање на визата, апликантот е потребно да ја плати првата рата од школарината $3000-$4000 (во зависност од универзитетот). Останатиот дел од школарината се плаќа на месечно ниво по пристугнувањето во САД.