USA Tax Refund

Даноци во САД

Како и сите што работат во САД, така и учесниците во програмите од културна и образовна размена се подложни на плаќање на даноци. Даноците им се задржуваат директно од платата и ги има два вида: федерален и државен. Добра вест е дека по враќањето во Македонија, учесниците можат да си ги вратат платените даноци. Тоа е доколку по враќањето во Македонија ги поднесат соодветните документи во AMERIQUEST.

Подавање на документи за повраток на даноците

Потребни документи за повраток на данокот се:

1. Апликација
2. Копија од вашиот пасош
3. Копија од визата за САД
4. Копија од формуларот DS 2019
5. Копија од Social Security Card
6. W-2 Формулар и/или последен чек од сите ваши работодавци во САД
– Важно е да ни ги доставите W-2 Form и/или последните чекови од вашите работодавци коишто сте ги имале за време на вашата работа во САД за да можеме да ја спроведеме процедурата за повраток на данокот.

W-2 формулар – го покажува вашиот приход и платениот данок за време на календарската година. Според законот на САД, секој работодавец е должен по пошта да го испрати W-2 формуларот пред 31 јануари на адресата дадена од студентот/работникот. Ако сѐуште не сте го добиле W-2 формуларот од сите ваши работодавци до крајот на февруари, Ве молиме побарајте наша помош за побрзо пронаоѓање на вашиот W-2 формулар.

Колкав дел од средствата се враќаат?

Износот на вратениот федерален и државен данок зависи од државата во којашто сте работеле, вкупната плата што сте ја примале и вкупните давачки што сте ги платиле на Владата на САД

Данокот за Social Security и Medicare за корисниците на J, F, M или Q визите се враќа 100%.

Времетраење на процесот за повраток на средствата

Почнувајќи од 31 Јануари, просечното време за обработка на апликацијата за Tax Refund за федерален и државен данок изнесува од 80-120 дена од датумот на поднесување на сите потребни документи. Ако ја поденесте вашата апликација после 1 Април, процесот може да потрае и до 180 дена. Во случај институциите на САД да побараат прегледување на вашите даночни формулари и соодветен доказ за автентичноста на поднесените документи, процесот за повраток на средствата може да потрае подолго отколку вообичаено.

Данокот за Social Security и Medicare се враќа просечно во период од 6-8 месеци.