Koviou Holiday Village – „Paradise Studios” – Никити
Paradise studios (дел од хотелот Koviou Holiday Village) се наоѓа на само 250 м. од една од најубавите плажи на Ситониа, Koviou. Располага со 1/2, 1/3 и 1/4 ЕКО соби на приземје без кујна како и со 1/3 и 1/4 студиа и апартмани на приземје, прв и втор спрат со поглед на прекрасната градина во дворот, а дел имаат и страничен поглед кон морето. Истите имаат комплетно опремени кујни, сопствени тоалети, ТВ, клима уред (вклучена во цена) како и WiFi интернет. Пространиот двор од 5000м2 кој е богат со зеленило и хортикултурно уредување ќе го направат престојот на гостите пријатен и релаксирачки. На гостите во Paradise studios на располагање се сите содржини од хотелот Koviou Holiday Village како: користење на базенот, бесплатни лежалки и чадори на базен, бар на базен, отворено кино, вечерни забави, анимација на деца, како и WiFi интернет во сите простории на хотелот.
