Atrium

Atrium Hotel, Pefkohori

Меѓу маслинови и борови дрвја, преку смарагдните води на заливот Касандра се наоѓа Atrium Hotel. Хотелот нуди бесплатен трансфер до селото и плажата која се наоѓа на 700m оддалеченост. Во склоп на хотелот достапни се и базен со бар, бесплатни столици и чадори.

Собите се удобно опремени со сателитска телевизија, приватни бањи со туш и фен како и фрижидер и клима уред. Сите соби имаат сопствени опремени балкони.

Освежителни пијалоци и коктели се сервираат на барот покрај базенот кој се наоѓа во самиот хотел. Оброци за ручек и вечера може да бидат подготвени по претходно барање.

Широкиот спектар на спортски активности во Atrium Hotel вклучува пинг-понг, тенис, аеробик, одбојка на плажа и билијард. По барање на гостите, може да се земаат и часови за нуркање! Помладите гости можат безбедно да се забавуваат на игралиштето и миниклубот. Тематски настани и забави се организирани 6 дена во неделата!

*Валидноста на специјалните промотивни понуди е во ограничен број на соби и  зависи од посебните услови и политики за плаќање и се предмет на промена без претходна најава.