Lesse

Lesse Hotel, Hanioti

Ова луксузно 4* одморалиште се наоѓа во живописниот Ханиоти, на само 150 метри од плажа. Нуди 3 базени со различна форма и големина, пространи тераси за капење и релаксација под сонце како и забава со билијард, пинг-понг и мини голф.

Модерните соби и апартмани се климатизирани, нудат мали кујни и интенветар за пеглање. Погодностите на Lesse Hotel вклучуваат телевизор со рамен екран со сателитски канали како и бесплатен  WiFi на јавните површини.

Lesse Hotel освојува со својот релаксирачки амбиент и бујна градина, опкружен е со шума и маслинови дрвја. За најмалите хотелот нуди детско игралиште додека останатите гости на располагање имаат сауна или џакузи.

Хотелот нуди a la carte и buffet опции за јадење, бар покрај базенот каде се служат освежителни пијалоци како и мини-маркет во самиот округ на хотелот. Buffer појадок се служи секое сабајле, додека секоја седмица се одржуваат и тематски вечери.

Lesse Hotel се наоѓа на 700 метри од центарот на Ханиоти каде се наоѓаат многу продавници и ресторани. Доколку се одлучите да патувате со авион, тогаш Lesse Hotel нуди rent a car услуги. Доколку доаѓате со сопствено возило предвидено е бесплатно место за паркинг.