Вила „ВРАХОС“ – Афитос
Вила Врахос се наоѓа на една од најдобрите локации со инзвореден поглед на плажата и морето на Афитос. Истата е лоцирана на пешачката улица каде има голем број на таверни. Вилата е одалечена на 5-7 мин. од плажа. Вила Врахос располага со 1/2 и 1/3 студиа и 1/3, 1/4 и 1/5 дуплекс апартмани. Собите се наоѓаат на приземје и прв спрат, а дел од собите се и реновирани. Студиата и апартманите на прв спрат имаат прекрасен директен поглед према море. Во сите соби има комплетено опремена кујна за онолку лица колку што има кревети во собата, тоалет, тераси и TV.
