Simeon

Simeon Hotel, Metamorfosi, Chalkidiki

 

Simeon Hotel 3* се наоѓа во селото Metamorfosi, Sithonia на само 70 метри од песочна плажа. Поставен среде градина со палми, хотелот нуди сместување со балкон со поглед на Егејското Море или кон градина и село.

Климатизираните простории на Симеон се опремени со подови и мебел изработен од дрво. Светли и пространи, секоја од собите располага со сателитска ТВ и фрижидер. Бањата е опремена со фен.

Гостите можат да вкусат грчка и медитерантска кујна во ресторанот на самото место. Покрај базенот функционира бар каде се служат освежителни пијалоци, свежи сокови и закуски во текот на денот. Ресторани и супер маркети се достапни во непосредна близина на хотелот.

Simeon Hotel 3* се наоѓа на 100 километри од центарот на Солун. Селото Nikiti е на 7 километри, додека Neos Marmaras е на 26 километри. Бесплатна Wi-Fi конекција е достапна на јавните површини, а можен е и бесплатен јавен паркинг.