La Tomatina
Станете „сочни и кашави“ на еден од „must do“ европските фестивали и дефинитивно еден од најомилените! Тоа е најголемата борба со храна на годината – едно утро каде илјадници луѓе се на улиците фрлајќи смачкани домати на лицата на своите „улични противници“. Кога не се „борите“ со домати, се ладите покрај базен, се сончате на плажа и се опуштате на организираните забави!
Каде: Буњол, во близина на Валенсија, Шпанија
Кога: 28 Август – 1 Септември (Борба со домати – 30 Август)
Како: Придружете ни се на локацијата или возете се со организиран превоз од Барселона, Мадрид или Сан Себастиан.
Цена: 60€/ноќевање (La Tomatina билетот не е вклучен)
Сместување: Камп сместување (Наместен камп со вклучена вреќа за спиење и душек)
Оброк: Топол појадок на дневна база и вечера секоја втора ноќ (28 & 30 август)
Содржина на патувањето: Постојат различни пакети. Погледни подолу.
Add-ons:
- Неограничена консумација на пиво и сангрија (10€/дневно)
- La Tomatina тикет (18€)
- La Tomatina after-party вклучувајќи превоз за враќање (15€)
„Борба со вино и вода“ ноќта пред „борбата со домати“ со вклучен превоз за враќање (20€)
