Imperial Hotel 4* (Nea Skioni)
Во југо-западниот дел на полуостровот Касандра се наоѓа 4* Imperial Hotel – целосно изграден од дрво, лоциран во Nea Skioni на само 50 метри од синото море. Хотелот ги задоволува и најистенчените вкусови, може да уживате покрај базен со освежителни коктели и да заборавите на секојдневната рутина.
Imperial Hotel има модерно опремени соби и нуди услуги со висок квалитет. Сите соби вклучуваат клима уред, ТВ, мини бар, телефон, фен за коса и собна услуга. Хотелот нуди соби со поглед кон море или за оние кои ги преферираат планините, достапни се и соби со поглед кон прекрасна шума која го опкружува хотелот.
Во ресторанот на хотелот се нуди традиционална храна од Медитеранот, а домашни слатки и црно кафе може да дегустирате и во двата барови кои се наоѓаат покрај базените, едниот лоциран на влезот на хотелот а другиот во градината на покривот.
Хотелот нуди и специјална опрема за лица со посебни потреби.
