Вила „HAUS LITEA“ – Потидеа
Вилата се наоѓа во мирното летувалиште Потидеа на почетокот на првиот крак на полуостровот Халкидики, Касандра, на околу 65 км од Солун. Од плажа е одалечена 20 метри. Сместувањето е во 1/2 и 1/3 студиа и 1/4 апартмани (две простории, спална со брачен кревет и дневна со два оделни кревети) во два блока А и Б (позади блок А). И студиата и апартманите се со: опремена кујна, купатило, клима уред (вклучен во цената) и TВ. Вилата располага со сопствена уредена плажа со лежалки чие користење за гостите од вилата е без доплата.
