Honeymoon

HONEYMOON-ТАЈЛАНД-ПУКЕТ

 Пукет е најголемиот остров во Тајланд, кој се наоѓа во Андаманско Море. Според површината голем е колку Сингапур. Главен град е Пукет Таун, а најпознатото одморалиште, каде редовно одат познатите личности е  Патонг. Тука е фокусиран ноќниот живот на островот и се наоѓаат повеќето пазари интересни за бројните туристи. Истоимената плажа,  Патонг Бич -се смета за една од најубавите во светот. Инаку плажите се наоѓаат на западниот брег, бидејќи источниот дел е ридовит.Едно од најпознатите романтичните места на Пукет е носот на Брама – рид од кој може да се набљудува неверојатеното зајдисонце. Еден од најпрофитабилните бизниси, со кој се издржуваат локалните луѓе е секако-нуркањето. Околу Пукет има многу корални острови, па за туристите нуркањето е големо задоволство.

ЦЕНОВНИК

*Валидноста на понудите е во ограничен број  и  зависи од посебните услови и политики за плаќање и се предмет на промена без претходна најава. Цените и термините опишани во ценовникот се дадени како пример. Патниците може да изберат период на патување кој не е опишан во ценовникот на индивидуално барање. Патниците може да изберат различен хотел од дадените во понудата во зависност од нивните потреби. 

 

DREAM PHUKET HOTEL & SPA 5*

 
 

Хотелот се наоѓа во  Ben Tao Beach во Пукет, 14,5 км од Patong Beach. Dream Phuket Hotel & Spa располага со отворен базен, сончева тераса, фитнес центар и приватна плажа. Гостите  може да уживаат во оброкот во ресторанот на хотелот или да уживаат во својот пијалок во барот.  На гостите им е на располагање бесплатен WiFi интернет.

Секоја соба е опремена со телевизор со рамен екран. Дел од собите располагаат со простор за седење каде што гостите може да се релаксираат. Секоја соба има приватна бања. Дел од собите имаат балкони или излегуваат во дворот. За вашата удобност, достапни Ви се бањарки, папучи и бесплатни тоалетни средства.

Хотелот воедно нуди бесплатна шатл услуга на имотот. 

Областа е многу популарна за велосипедизам и воедно на гостите им се достапни велосипеди за изнајмување. Хотелот, исто така, обезбедува рент а кар. Karon Beach е на 19,3 км од Dream Phuket Hotel & Spa, а Kata Beach е 20,9 км одalечена од хотелот. Аеродром Пукет е одалечен 9,7 километри од хотелот.

 

SERENITY RESORT AND RESIDENCES 5*

Хотелот се наоѓа во Rawai Beach во Пукет, на 11,3 км од Patong Beach.  Serenity Resort & Residences, Пукет располага со отворен базен и фитнес центар, сончева тераса и поглед кон морето.

На гостите им е на располагање бесплатен WiFi интернет.

Секоја соба е опремена со телевизор со рамен екран, довод за  iPod и CD плеер.  Дел од собите имаат простор за седење каде што гостите може да се релаксираат.Тераса или балкон се вклучени во одредени соби.

На гостите им се на располагање  24-часовна рецепција, бизнис центар и гифт шоп.

Областа е популарна за велосипедизам и кајакарство. Хотелот обезбедува бесплатна употреба на велосипеди. Phi Phi Don е 49,9 км од Serenity Resort, и Karon Beach е 6,9 км од хотелот. Најблискиот аеродром е аеродромот Пукет, одалечен на 33,8 км од Serenity Resort & Residences Пукет.

MAIKHAO PALM BEACH RESORT 5*  

Овој хотел е одалечен 2 минути пешачење од плажа. Се наоѓа во Mai Khao Beach, одалечен на 27,4 км од Patong Beach.

На гостите им е на располагање бесплатен WiFi интернет. Гостите можат да уживаат во ресторанот на самиот хотел. Секоја соба во овој хотел е климатизирана и опремена со телевизор.  Собите се со сопствено купатило опремено со када.

На гостите им е на располагање 24-часовна рецепција во хотелот.

Karon Beach е на 32,2 км од Maikhao Palm Beach Resort, и Kata Beach е на 35,4 км од хотелот. Најблискиот аеродром е аеродромот Пукет, 3,1 км од  Maikhao Palm Beach Resort.

 

NOOK DEE BOUTIQUE RESORT BY ANDACURA 5*

Сместен на само 640 метри од плажата Kata Noi, Nook Dee Kata Beach е бутик хотел во тајландски стил кој нуди базен на отворено, Spa и Wellness центар и ресторан. За време на престојот, гостите, исто така, можат да ги користат терасата, фитнес центар и бесплатен WiFi.

Одликувајќи се со неверојатни погледи на Андаманското Море, секојa гостинска соба во тајландски стил има лизгачка стаклена врата, која излегува на приватен балкон. Сите соби се опремени со flat screen телевизoри со кабловска, софа и трпезариска маса како и електричен котел, минибар и кафе машина.

Трговскиот центар Jungceylon и Bangla Road се на далечина од околу 8,8 и 1,2 км. Сите оние кои се авантуристи и обожаватели на активности во природа можат да се упатат кон Chang Safari Elephant trekking (1,1 км). Меѓународниот аеродром Phuket е оддалечен 33 км.

Гостите ќе уживаат во разновидната локална и интернационална кујна. Исто така можете да најдете различни ресторани на околу 10тина минути пешачење од хотелот.

RAWAI PRINCESS HOTEL 4*

Со прекрасен отворен базен и ресторан, Rawai Princess Хотелот се наоѓа помеѓу Chalong и Rawai. Собите се комплетнo модерно опремени и со поглед на планина. Исто така, хотелот располага со 24-часовна рецепција и добро опремена тераса на отворено.

На само неколку минути возење, гостите имаат можност да ги посетат Chalong Pier (1,9 км) и Phuket Shooting Range (2 км). Реномираниот Promthep Cape е на околу 6.2 км додека Меѓународниот аеродром на Phuket се наоѓа на околу 34 километри оддалеченост.

Секоја модерна соба во хотелот Rawai Princess нуди многу природна светлина од големата стаклена врата, flat-screen телевизор со кабловска, добро опремен минибар и тераса со поглед на градина или планина. 

Отворен за појадок, ручек и вечера, ресторанот во хотелот нуди ориентална и западна кујна, како и голем број на локални и увезени пијалоци. Има можности и за јадење во соба, храна за носење и специјални диетални менија.

 

 Woraburi Phuket Resort & Spa 4*

Овој хотел е на 1 минута пешачење од плажа. Плажата на Woraburi Phuket Resort & Spa може да се пофали со прекрасен океан и убав поглед. Хотелот располага со прекрасни тајландски архитектури и бесплатен паркинг и WiFi интернет.

Светли и пространи, собите имаат голем простор за седење и големи прозорци низ кои влегува многу свеж воздух. Собите располагаат со сателитска телевизија, личен сеф и минибар. Со поглед на море, базен или градина, одреден тип на соби, имаат и директен пристап до базенот.

Woraburi Phuket се наоѓа на 15 минути возење од Patong Beach, 20 минути од храмот Chalong и 30 минути од центарот на Phuket. Меѓународниот аеродром Phuket се наоѓа на оддалеченост од околу 1 час возење.

Големиот базен надвор е отворен преку целата година и има свој сосптвен бар во него. Хотелот, исто така, може да организира екскурзии за оние кои сакаат да ја истражуваат областа како и бесплатен превоз до плажата Patong.

Ресторанот Smilеy Coffee Shop располага со разновидни интернационални јадења, азиски специјалитети и појадок со шведска маса. А за освежителни пијалоци може да посетите некој од баровите Silk Bar, Pool Bar и Lobby Lounge.