WORK & STUDY CANADA

ПРОГРАМА

Work & Study Canada претставува програма за професионално развивање во Канада. Програмата овозможува учесниците да се здобијат со знаење и подобрување на вештините преку директна пракса во следниве области:

  • Туризам и угостителство
  • Менаџмент со храна и пијалаци
  • Меѓународен бизнис и менаџмент
  • Претприемништво и иновации

Оваа програма им овозможува на учесниците  да  стекнат вештини и искуство кои  ќе ги подготват за усовршување на нивната кариера

КОЈ МОЖЕ ДА УЧЕСТВУВА?

Лица на возраст од над 19 години со завршено минимум средно образование и познавање на англиски јазик

ВРЕМЕТРАЕЊЕ:

Програмата е со времетраење од 7 до 16 месеци поделени во два дела:

Прв дел: Студиски дел 50% од времетраењето на избраната програма

Во првиот дел од програмата, учесникот посетува настава.  Во овој дел кој опфаќа 50% од времетраењето на програмата, учесникот посетува настава и има можност да работи до 20 часа седмично

Втор дел: Дел за пракса 50% од времетраењето на избраната програма

Во вториот дел од програмата, учесникот се стекнува со работно искуство односно платена пракса. Во овој дел кој опфаќа 50% од времетраењето на избраната програма, учесникот има можност да работи до 40 часа седмично. Во овој дел не е предвидена настава

  • Туризам и угостителство (7 или 12 месеци)
  • Менаџмент со храна и пијалаци (7 или 12 месеци)
  • Меѓународен бизнис и менаџмент (7 или 12 месеци)
  • Претприемништво и иновации (8, 9, 14 или 16 месеци)

 

ЛОКАЦИИ:

Торонто, Вистлер и Ванкувер-Канада

  • Угостителството и Туризaм – Торонто, Вистлер и Ванкувер
  • Менаџмент со храна и пијалаци – Вистлер
  • Претприемништво и иновации -Ванкувер
  • Меѓународен бизнис и менаџмент Ванкувер

ДАТУМИ:

Следниве програми се нудат во текот на целата година:

  • Туризам и угостителство
  • Менаџмент со храна и пијалаци
  • Меѓународен бизнис и менаџмент

Стартни датуми за 2019 година:

28 јануари, 25 февруари, 25 март, 22 април, 21 мај, 17 јуни, 15 јули, 12 август, 9 септември, 4 ноември, 2 декември, 30 декември

ЦЕНИ:

СТИПЕНДИИ:

Секоја апликант има можност да добие стипендија во висина од 1175- 1200 CAD. За повеќе информации во однос на условите за стипендирање, контактирајте не на : info@ameriquest.com.mk

СМЕСТУВАЊЕ:

ПРИДОБИВКИ ОД ОВАА ПРОГРАМА:

  • Оваа програма им овозможува на учесниците можност за платена пракса  со тоа што се регистрираат како студенти според канадските закони,·       
  •  Учесниците имаат можност да работат со скратено работно време од 20 часа седмично за време на студискиот дел на програмата и полно работно време од 40 часа седмично за време на практичниот дел од програмата    
  •   Достап и можност за учество на саеми за вработување кои се одржуваат на кампусите,
  •  Достап до база на податоци со голем број работодавачи

ШТО ВКЛУЧУВА ЦЕНАТА?

  • Партиципација за студирање и административна услуга на колеџот
  • Подготовка за приемен тест но англиски јазик
  • Обработка на документација за прием на избраниот колеџ
  • Обработка на документација за виза
  • Насоки за подготовка на CV
  • Орентациона средба по пристигнување во Канада
  • Подготовка за интервју кај работодавец
  • Помош за наоѓање сместување во семејства или студентски домови со можност за вклучен оброк
  • Пристап до заеднички активности (организирани собири; дружења; патувања)
  • Постојана поддршка од канадската организација во текот на програмата

ШТО НЕ ВКЛУЧУВА ЦЕНАТА?

  • Трошок за апликација- 200 CAD
  • Авио-билет
  • Виза и документи потребни за визирање
  • Книги и материјали за учење-600 CAD
  • Храна и сместување

РЕФУНДАЦИЈА НА СРЕДСТВА ВО СЛУЧАЈ АПЛИКАНТОТ ДА БИДЕ ОДБИЕН ЗА ВИЗА:

Во случај апликантот да биде одбиен за виза, неповратни средства се трошокот за апликација во висина од 200 CAD