Internship in Spain

Програма

Програмата за стажирање во Шпанија е наменета за професионално и едукативно развивање на апликантите, преку осигурена позиција за стажирање во реномирани Шпански компании.

Оваа програма нуди единствената можност за професионално развивање, учење и работење меѓу професионалци, како и запознавање одблизусо културата и јазикот на Шпанија.

Позициите за стажирање за кои може да аплицирате се следните:

1. Позиции за стажирање во областа на туризмот и угостителство;
2. Позиции во други области (маркетинг и бизнис, IT, графички дизајн, останати-по барање на апликантот)

Кој може да учествува?

За да учествувате на програмата за стажирање потребно е да ги исполнувате следните услови:

1. Да сте на возраст од 18 – 28 години;
2. Да сте редовен или вонреден студент;
3. Да зборувате напредно ниво на англиски јазик;
4. За лицата кои ќе работат на позиција рецепција задолжително е познавање на шпанскиот јазик;

Времетраење на програмата

Програмата е во времетраење од 2 до12 месеци во зависност од желбата и можноста на апликантот.

Изборот на позиција за стажирање зависи од областа која ја изучува студентот.

Што вклучува програмата?

1. Обезбедена позиција за стажирање;
2. Здравствено осигурување кое го покрива периодот на стажирање;
3. Целосна помош пред заминување, за време на престојот во Шпанија, како и по враќање во Македонија;
4. Целосна помош при подготовка на документацијата за аплицирање за Шпанска виза;
5. Материјали, упатства, итн;
6. Организирање на патувањето до Шпанија:
7. Сертификат за успешно завршена програма

Што не е вклучено во програмата?

1. Виза за Шпанија;
2. Авионски билет

Потребни документи за аплицирање

1. Апликација;
2. Резиме со слика;
3. Копија од пасош;
4. Потпишан договор (одобрување) од факултетот. Образецот на договорот за стажирање кој е потребно да биде потпишан од страна на факултетот е обезбеден од страна на AmeriQuest

Типови на програми

VIP Placement

1. Позиции за стажирање само во областа на туризмот и угостителството, со времетраење до 12 месеци (од 2 до 12 месеци во зависност од желбата и можноста на апликантот). Реномирани хотели и ресторани со 3*, 4* и 5*, од кои голем број се наградени со престижна Мишелин звезда.
2. Локација на хотелите и рестораните е низ цела Шпанија вклучително и големите градови и познати острови како Барселона, Мадрид, Ибица, Палма Де Мајорка итн.
3. Избор на позиции со месечен надомест за стажирање од 100 до 600 ЕУР, како и бесплатна хранарина и сместување.
4. Кај овој тип на програма, апликантот бира 3 понудени позиции (апликантот има увид во базата на позиции со детален опис во однос на местоположбата, плаќањето, бонусите како хранарина и сместување итн.) од кои во зависност на неговите квалификации му се одредува една.

Premium placement

1. Позиции за стажирање во областа на туризмот и угостителството, маркетинг и бизнис, IT, графички дизајн, останати – по барање на апликантот. Позициите се со времетраење до 12 месеци (од 2 до 12 месеци во зависност од желбата и можноста на апликантот).
2. Кај овој тип на програма, позицијата за стажирање му се доделува на апликантот по доставување на неговото/нејзиното резиме без претходен увид во база на слободни позиции за стажирање.
3. Позициите за стажирање се со месечен надомест од 100 до 300 ЕУР.
4. Кај дел од позициите сместувањето и хранарината се обезбедени бесплатно.
5. Апликантот во својата апликација може да ги нагласи своите барања во однос на локацијата, месечниот надомест и сл.

Short placement

1. Позиции за стажирање само во областа на туризмот и угостителството, со времетраење до 3 месеци.
2. Хотелите и рестораните се наоѓаат на Балеарските острови, Канарските острови и средоземното крајбрежје. Кај овој тип на програма нема достапни позиции во големите градови како Мадрид, Барселона, Палма Де Мајорка и сл.
3. Кај овој тип на програма, позицијата за стажирање му се доделува на апликантот по доставување на неговото/нејзиното резиме без претходен увид во база на слободни позиции за стажирање.
4. Позициите за стажирање се со месечен надомест во висина од околу 300 ЕУР. Кај сите позициите сместувањето и хранарината се обезбедени бесплатно.
5. Апликантот во својата апликација може да ги нагласи своите барања во однос на локацијата, месечниот надомест и сл.