Internship in China

Програма

Internship China претставува програмата за стажирање за наставници по англиски јазик во Р.Кина. Оваа програма обезбедува платена пракса која на учесниците им нуди единствена можност да се запознаат со фасцинантната историја и култура на Кина и да бидат дел од динамичното секојдневние на првата по големина нација во светот.

Ова е можност учесниците да бидат дел од една комплетно нова, организирана и високоактивна работна средина каде ќе ја надоградат својата кариера со вредно меѓународно искуство, а воедно стекнатото знаење да го пренесат на млади лица на возраст од 7 – 18 години.

Преку оваа програма, учесниците добиваат сертификат за завршен курс по англиски јазик ( TESOL сертификат)како и обезбедена позиција за стажирање и бесплатно сместување за време на целиот престој во Р.Кина.

Кој може да учествува?

За да учествуваш на програмата за пракса во Р.Кина потребно е да ги исполнуваш следниве услови:

1. Да си на возраст од 18-45 години;
2. Да зборуваш напредно ниво на англиски јазик;
3. Да имаш добиено TESOL сертификат

Времетраење на програмата

1. Програмата е со времетраење од една година (настава во две полугодија:септември до јуни и јануари до декември)
2. Можност за продолжување на програмата

Потребни документи за аплицирање

1. Апликација;
2. Пасош;
3. Резиме со слика;

Месечен надомест

Месечениот надомест за стажирањето е во висина од $1.000 до $1.500 во зависност од искуството на апликантот како и локацијата на која ќе ја спроведува праксата. Во случај на продолжување на договорот за стажирање, следи одреден бонус.

Запишување

Аплицирањето за програмата се одвива во два чекора, односно:

1. Регистрирање (пополнување на апликација во една од нашите канцеларии);
2. Приложување на документи (пасош, резиме со слика )
Откако учесникот ќе аплицира за програмата и ќе ги достави потребните документи, потребно е да започне со слушање на курсот по англиски јазик (TESOL) и соодветно,успешно да го заврши.

По завршувањето на курсот во период од 2 до 4 месеци,апликантот ќе добие позиција за стажирање кај соодветен работодавец во Р.Кина.

TESOL certificate

Со цел учество во програмата секој учесник, потребно е успешно да го заврши Online курсот по англиски јазик со кој ќе се стекне со TESOL сертификат.

Курсот се одржува Online и е со времетраење од 3 до 6 седмици односно 120 часа. Аплицирањето за програмата трае во текот на целата година и соодветно, изучувањето на курсот е возможно во текот на целата година по добиената апликација од страна на апликантот.

Што вклучува цената на програмата?

1. Сертификат за завршен курс по англиски јазик ( TESOL сертификат ) ;
2. Обезбедена позиција за стажирање;
3. Обезбедено сместување;
4. Административна обработка на документите;
5. Целосна поддршка и асистенција при аплицирање, пред заминување и за време на престојот во Р.Кина;
6. Материјали, упатства итн;
7. Медицинско осигурување;
8. Рефундација на таксата за виза по завршување на договорот за стажирање;
9. Рефундација на средства за авионски билет по завршување на договорот за стажирање;

Што не вклучува цената на програмата?

1. Таксата за виза;
2. Авионскиот билет;

Таксата за виза и авионскиот билет ќе ви бидат рефундирани по завршувањето на договорот за стажирање.