H2B

Програма

Работна програма за спасувачи

Кој може да учествува?

За да учествува на оваа програма потребно е апликантот да има искуство како спасувач или пак да има професионално искуство во останати спортови. Нема старосна граница за оваа програма. Програмата не е поврзана со образованието на апликантот

Колку чини?

Оваа програма е бесплатна за учесникот. Учесникот има обврска само да го подмири трошокот за обуката за стекнување на сертификат за спасувач. По пристигнување во САД, на учесникот му се рефундираат средствата уплатени за виза како и половина од цената на авионскиот билет од страна на работодавачот. Обуката е во времетраење од 5 дена и се одржува во Скопје од страна на лиценцирани инструктори од страна на Американскиот црвен крст

Запишување

Аплицирањето за оваа програма започнува во март секоја година.

Документи

Потребни документи се пасош, слика, CV

Работни позиции

Работните позиции се за спасувачи на различни локации на источното крајбрежје на САД (Maryland, Washington, Virginia..)