AU PAIR IN CHINA

Програма

Au Pair China е програма со времетраење од 3, 6, 9 или 12 месеци наменета за лица над 19 години кои имаат желба за подучување на англиски јазик во фамилии на различни локации во Кина.
Програмата овозможува престој до 12 месеци во фамилии каде учесниците имаат можност да се запознаат со Кинескиот начин на живот.
Воедно, учесниците имаат можност да се здобијат со незаборавно животно искуство.
Престојот со времетраење од 3 до 12 месеци со кинеско семејство на учесниците им овозможува да ја запознаат кинеската култура и начин на живеење, како и да ја споделат својата култура, традиција и обичаи.

Кој може да учествува?

1.Лица на возраст од над 19 години;
2.Потребно е искуство во грижа на деца;
3.Одлична здравствена состојба
4.Напредно познавање на англиски јазик;
5.Лица без криминално досие

Времетраење на програмата

1. Au Pair China е програма со времетраење од 3, 6, 9 или 12 месеци

Потребни документи за аплицирање

1. Пасош;
2.Апликација (образецот се добива во нашата канцеларија);
3.CV;
4.Кратко видео каде апликантот се претставува;
5.Уверение за неосудуваност;
6.Медицински извештај.

Месечен надомест

1500-2000 RMB ($225-$300) месечно. Сместувањето и исхраната се на трошок на фамилијата односно обезбеден престој во фамилијата и дозволено користење на храната.

Работни часови

25 часа седмично со 2 дена одмор

Работни задачи

Грижа за децата, нивно облекување, капење, играње со нив.
Возење на децата до училиште или до други активности.
Помош околу домашните задачи на децата.
Сите работни задачи се во врска со децата. Од учесникот во програмата не се очекува да извршува други задачи во домот

Запишување

1. Апликација;
2.Приложување на документи;
3.Интервју со фамилијата;
4.Интервју за виза;
5.Заминување;

ЛОКАЦИИ

Beijing, Shenzhen, Guangzhou, Qingdao, Shanghai и други

Што вклучува цената на програмата?

1. Такса за програма;
2.Интервју;
3.Обработка на документи;

Што не вклучува цената на програмата?

Трошок за виза 3.140ден.-4.700ден. (во зависност од бараниот број на влезови во земјата)

Колку ќини програмата?

Цената на програмата изнесува 100 еур

Бонуси

За програма во траење од минимум 3 месеци, учесникот ќе добие рефундација на авионскиот билет во еден правец. За програма во времетраење од над 6 месеци , учесникот ќе добие рефундација на авионскиот билет во два правци. Можност за безплатени часови по кинески јазик