AU Pair USA

Програма

Au Pair USA е 12 месечна програма за лица (се преферираат девојки) на возраст од 18 до 26 години кои имаат искуство во работа со деца.
Програмата овозможува престој до 12 месеци во Американски фамилии каде учесниците имааш можност да се запознаат со Американскиот начин на живот.

Воедно, апликантите имаат можноста да се дообразуваат, да го усовршат англискиот јазик и да се здобијат со незаборавно животно искуство.
Престојот од една година со американско семејство им овозможува да ја запознаат американската култура и начин на живеење.

Кој може да учествува?

1. Девојки на возраст од 18 до 26 години;
2. Искуство во грижа на деца;
3. Возачка дозвола;
4. Познавање на англиски јазик;

Колку чини?

Цената на програмата изнесува 600 УСД

Во цената на програмата е вклучено:

1.Такса за програма;
2.Интервју;
3. Обработка на документи;
4.Авионски билет до САД;
5.Oбука;
6.Платена школарина во висина до 500$ за усовршување на англискиот јазик;
7. SEVIS такса-35 УСД

Во цената на програмата не е опфатено:

1.Трошок за виза 160$;

Начин на плаќање?

1. 100 УСД апликација;
2. 500 УСД се доплаќа откако апликантот ќе го помине интервјуто за виза

Запишување

1.Апликација;
2.Тестирање;
3.Приложување на документи;
4.Интервју со фамилијата;
5.Интервју за виза;
6.Заминување;

Документи

1.Пасош;
2.Апликација;
3.Две препораки за искуство во грижа на деца (формуларите ги добивате во нашата агенција);
4.Диплома од средно образование;
5.Уверение за неосудуваност;
6.Медицински извештај (формуларот го добивате во нашата агенција);
7.Возачка дозвола;
8.Препорака за возачко искуство;

Работни задачи

Грижа за децата, нивно облекување, капење, играње со нив,
Подготвување оброци за нив, чистење на нивните соби, местење на детските кревети перење/пеглање на алиштата
Возење на децата до училиште или до други активности
Помош околу домашните задачи на децата
Сите работни задачи се во врска со децата. Од учесникот во програмата не се очекува да извршува потешки задачи во домот

Работни часови

45 часа седмично. Во времетраење на 12 месечната програма, дозволен е 2 седмичен платен одмор.

Плата

Минимум 195$ седмично. Сместувањето и исхраната е на трошок на фамилијата односно обезбедена сопствена соба во нивниот дом како и дозволено користење на храната.