Sri Lanka

HONEYMOON-ШРИ ЛАНКА

Шри Ланка е позната по плантажите на чај, кафе, кокос и цимет, неверојатните природни убавини, километарските преубави песочни плажи, тропските шуми и историските остатоци. Уште од далечното минато Шри Ланка е средиште на будистичката религија и култура. Сингалците се мнозинско население, а Тамилите, кои се наоѓаат на северот и истокот на државата, најмалото етничко малцинство. Од уличните пазари, трговски центри, храмови и колонијалните холандски, португалски и британски градби во шарената престолнина Коломбо, до впечатливите природни, историски, културни и економски ресурси што се развиваат во Матала, сето тоа е доказ за динамичната мешавина на култури и атракции на Шри Ланка.

 

Jetwing Sea 4*

Овој хотел се наоѓа на 1 минута од плажа. Jetwing Sea хотелот располага со spa, 2 базени со infinity ефект и fitness центар. Пространите соби се наоѓаат на 1 километар од познатиот Dutch Canal и нудат прекрасен поглед на море.

Собите во хотелот се климатизирани и содржат мебел од темно дрво, уметнички дела, flat-screen телевизори и DVD плеер како и кауч и апарати за подготовка на кафе и чај.

Гостите можат да резервираат еднодневно патување до поплавената област на Muthurajawela или до градот Negombo, за каде што постојат и ручек пакети достапни за гостите. По екскурзијата гостите можат да се релаксираат со масажа во spа центарот. Хотелот располага и со маса за пинг понг и велосипеди.

Во ресторанот General се служи шведска маса со интернационални јадења и свежо тропско овошје, додека гостите на Lellama Restaurant можат да уживаат во свежи специјалитети со риба. За гостите што сакаат повеќе приватност, јадење се служи и во собите.

Jetwing Sea хотелот се наоѓа на плажа во Negombo и е на 3 километри од познатото рибарско село. Меѓународниот аеродром Bandaranaike се наоѓа на 10 километри или на 30-минути возење оддалеченост.

The surf hotel 4*

Овој хотел се наоѓа на 2 минути пешачење од плажа. The Surf се наоѓа во Pitaramba, само неколку чекори од брегот на Bentota Beach. Нудејќи убедливо прекрасен поглед на море од своите модерни соби, хотелот исто така, има отворен базен и бесплатен Wi-Fi.

Опремени со flat screen телевизор и топло осветлување, климатизираните соби имаат голем балкон за седење на отворено. Минибар, личен сеф и фен се исто така вклучени во сите соби.

Хотелот е сместен на 10-минути возење од Bentota и 3-часа возење од Меѓународниот аеродром во Bandanaike. Располага и со бесплатен паркинг.

Бизнис центарот располага со факс и фотокопир. Хотелот, исто така, обезбедува room service и laundry service.

Ресторанот на хотелот служи интернационални јадења, како и појадок со шведска маса, секој ден.

The long beach resort 3*

Хотeлот се наоѓа на 1 минута пешачење од плажата Koggala и нуди луксузен одмор со отворен базен, 2 ресторани и лесен пристап до места за нуркање. Низ целиот хотел има бесплатен WiFi.

Хотелот е на 20-минутно возење од Galle Fort и на 2 часа од аеродромот Colombo и располага со бесплатен приватен паркинг.

Собите во Long Beach Resort се целосно климатизирани и добро опремени со станица за iPod, flat-screen телевизор со кабловска и бесплатна флаширана вода. Тие имаат приватни балкони, голем плакар и сеф. Housekeeping и room service ви се достапни 24 часа.

Постојат различни објекти за забава и рекреација во резортот, како тениски игралишта, одбојка на плажа и соба за игри. Гостите исто така можат да уживаат во часови по јога.

Ресторанот Lazure обезбедува прекрасни погледи на океанот и шведска маса, додека во ресторанот Iris може да уживате во fine dining alfresco искуство.

Royal Palms Beach 4*

Хотелот Royal Palms Beach се наоѓа на само неколку чекори од прекрасните плажи на Kalatura и располага со надворешен базен, Ayurveda spa и 3 ресторани. Собите се сместени во тропското крајбрежје и имаат сoпствени балкони.

Сите соби се климатизирани и се опремени со изрезбани дрвени елементи и топли бои и вклучуваат бања со када и фен за коса. Исто така имаат телевизор со сателитски програми и апарат за подготовка на кафе и чај.

Гостите можат да вежбаат во теретаната и на тениските терени или да се релаксираат со партија билијард. Хотелот нуди room и laundry service.

Главниот ресторан има прекрасен поглед на плажа со отворена тераса, интернационална шведска маса и јадења од западната кујна. Гостите можат да се релаксираат во кафулето на базенот кој е отворен 24 часа на ден како и во 2та бара.

Royal Palms Beach е на 40 километри јужно од градот Colombo и на 3 часа возење од меѓународниот аеродром Colomobo. 

The Palms 4*

Овој хотел се наоѓа на 2 минути од плажата Beruwala и нуди соби со поглед на море. Хотелот располага со отворен базен и 4 опции за јадење, како и fitness центар.

Опремени со плочки и клима уреди, собите во хотелот имаат телевизор со кабловска. Тие се модерни и вклучуваат минибар и апарати за кафе и чај. Секоја соба има своја приватна бања со фен.

Хотелот е на 10-минути возење од будистичкиот храм Kande Viharaya и на околу еден час возење преку Јужниот автопат од Mirissa, популарно место за набљудување на китови.

Ресторанот на отворено во Palms нуди азиски и западни јадења со поглед на прекрасната градина. Вљубениците во морска храна можат да вечераат на отворено во ресторанот Fisherman’s Wharf. Други опции за јадење се барот и кафулето на хотелот.

Вработените на рецепција можат да ви организираат дневно патување до Galle City, светско наследство на UNESCO. Исто така, можни се активности како што се риболов и parasailing.