HONEYMOON-ПУНТА КАНА, ДОМИНИКАНСКА РЕПУБЛИКА
На источниот дел на Доминиканската Република, во областа Ла Алтаграција, се наоѓа волшебната покраина Пунта Кана. Оваа локација името го добила по врвот на островот на кој растат голем број палми, кои се негов заштитен знак. Пунта Кана е место што изобилува со разни содржини, а освен прекрасните плажи, каде што можете да заборавите на сите проблеми, тука се и островот Саона и националниот парк Пунта Кана. Меѓу нив е и еколошкиот парк, што се наоѓа во близината на клубот, што исто така е наречен „Пунта Кана“. Плажата Баваро е една од најпознатите, а туристите се одушевуваат од бојата на морето, златниот песок и целата околина. На плажата има голем број содржини, а на располагање се и возење со кајак и нуркање, а големиот број палми се тука да ве заштитат од сонцето
Be Live Collection Punta Cana 4*
Хотелот се наоѓа во прв ред на Атлантскиот Океан во местото Cabeza de Toro, на плажа заштитена со корални гребени и опкружена со тропска градина. Овој All inclusive резорт е на 20 минути од меѓународниот аеродром Punta Cana.
Собите во хотелот се климатизирани и имаат кабловска телевизија и минибар. Има соби кои излегуваат на базенот или на плажа како и соби со пристап до клубот за возрасни кој нуди одлични услуги и содржина како и пристап до ексклузивниот дел на плажата и базенот.
Резортот се состои од 9 базени, од кои 2 се вклучени во пакетот Adults Club и Better Together. Како дел од аранжманот “Better Together” на располагање имате џакузи када. Секоја вечер можете да уживате во различни настапи и забавни програми. Гостите исто така можат да уживаат во активности како што се тенис, едрење, одбојка, нуркање и пинг-понг. Резортот нуди објекти за организирање свадбени и деловни настани. Со доплата, гостите можат да нарачаат услуга во соба 24 часа на ден, да резервираат спа услуги и да го користат салонот за убавина.
Во главниот ресторан се служи шведска маса од интернационалната кујна, додека a la carte јадења се достапни во ресторанот Rodizio и Chef’s Table кои се италијански, мексикански, азијски, бразилски, медитерански и гурмански ресторани. Гостите можат да гледаат спортски преноси во барот со телевизори со големи екрани. На располагање ви се и рестораните Lobster House, Steak House, Burger Corner i KM Pizza.
Голф терен и клуб за спортски риболов со пристаниште за јахти се наоѓа во близина на Be Live Collection Punta Cana. Овој резорт се наоѓа на источната страна на Карипското крајбрежје.
VIK hotel Arena Blanca 4*
Овој хотел се наоѓа на 3 минути пешачење од песочната плажа Bavaro. Овој all inclusive хотел има вкупно 456 соби и е на 5-минути возење од Manati Theme Park. Располага со голем базен на отворено, казино и 4 ресторани.
Собите во хотелот се климатизирани и имаат приватен балкон, фрижидер и кабловска телевизија. Сеф и Wifi интернет се достапни само со доплата на рецепција.
Спа центарот Radiance Wellness ви нуд целосна услуга. Гостите можат да ја користат сауната или да уживаат во масажа.
Постојат неколку опции за јадење во хотелот за ручек, вечера или ужина. Ел Mirador ресторан служи појадок со интернационална шведска маса, ручек и вечера, додека ресторанот на плажа Ел Bucanero нуди закуски и пици во текот на денот и мексиканска храна a la carte за вечера. Други опции за a la carte вечера се италијанската кујна во La Trattoria и интернационалната кујна во Estrella del Mar (Некои специјални јадења и пијалоци не се вклучени). Гурманските јадење во La Proa наоѓа во хотелот дополнително се наплаќаат. Гостите можат да го побараат распоредот на ресторанот од вработените во Public Relations.
Во all inclusive пакетот се вклучени сите оброци и закуски, како и сите локални алкохолни и безалкохолни пијалоци во текот на целиот ден. Баровите во хотелот нудат голем избор на меѓународни пијалаци со доплата. Сите all inclusive гости, исто така, имаат пристап до тениски игралишта и спортови на вода, како што се сурфање на ветер, кајакарство и нуркање.
Хотелот е сместен на 30-минути возење од меѓународниот аеродром на Punta Cana. Областа за шопинг е на само 5-минути возење од хотелот.
Tropical Princess Beach Resort & Spa 4*
Хотелот се наоѓа на 7 минути пешачење од плажа. Овој 24-часовен all inclusive хотел, располага со 2 базени, вечерна забавна програма, ноќен клуб, фитнес и сауна и е на околу 3 минути пешачење од плажата Аrena Blanca, додека San Juan Mall е на 15-минутно возење.
Гостите имаат на располагање соби со клима уред, тавански вентилатор, сеф, сателитска ТВ, мини бар и балкон со поглед на базен или градина. Сите бањи имаат када или туш и секојдевно се чистат.
Во 3 ресторани на хотелот се служи главната шведска маса со јадења од доминиканската и брзилската кујна. Хотелот има 7 барова, гостите можат да уживаат во локални и меѓународни пијалоци. Во објектот има и snack бар и палачинkара.
Гостите имаат слободен влез во дискотеката Areito, каде што до полноќ бесплатно можат да уживаат во домашните пијалоци. Тениски игралишта, велосипеди и партиски игри се исто така достапни за гостите како и услови за немоторизирани спортови на вода и стрелаштво.
Хотелот има детски и младински клуб. Гостите на располагање имаат бесплатен превоз низ резортот, како и до казиното Princess Tower. Во фоајето на хотелот има бесплатен WiFi интернет.
Меѓународниот аеродром на Punta Cana е на 30-минути возење оддалеченост.
Bavaro е одличен избор за патници заинтересирани за екскурзии, спортови на вода и активности на отворено.