Bali

HONEYMOON-БАЛИ

Кој не би сакал да го почувствува допирот на Индонезија? За момент да се најде на хедонистичките предели… Кој не би посакал да ги открие мистериите на Бали – совршеното парче рај во Индонезија кое постои за да Ве опушти .

Бали е остров во Индонезија кој се наоѓа помеѓу островите Јава на Запад и Ломбока на Исток. Една од 33те провинции во Индонезија. Поголемиот дел од жителите на островот го сочинуваат индонезиските хиндуисти, кои инаку претставуваат малцинство во државата.

Бали, денес претставува популарна туристичка дестинација. Остров, кој освен што има извонредна убавина, е богат со ориз, кокосови палми, кафе, памук…

Предел, кој ја заслужува посетата на сите љубители на необичното, сонувачи на мистичното…

ЦЕНОВНИК

 

*Валидноста на понудите е во ограничен број  и  зависи од посебните услови и политики за плаќање и се предмет на промена без претходна најава. Цените и термините опишани во ценовникот се дадени како пример. Патниците може да изберат период на патување кој не е опишан во ценовникот на индивидуално барање. Патниците може да изберат различен хотел од дадените во понудата во зависност од нивните потреби. 

ROYAL TULIP SPRINGHILL RESORT JIMBARAN 5*

Сместен на 1,1 км од The Rock Bar во Jimbaran, Royal Tulip Springhill Resort Jimbaran располага со отворен базен, детски соби и соби за играње, фитнес центар, спа центар и соба за јога. Исто така хотелот има бесплатен Wifi интернет низ целиот резорт како и сопствен паркинг.

Телевизор со рамен екран и кабловска и DVD плеер се достапни на ваше барање. Одредени соби располагаат со простор за седење. Сите соби се опремени со сопствено купатило, вклучувајќи бањарки и влечки.

На располагање имате 24-часовна рецепција со персонал кој зборува на англиски, мандарински, арапски и индонезиски јазик. Соби за состаноци и банкети се исто така достапни.

Во хотелот има ресторан  Basil & Thyme кој нуди Азијска и Медитеранска кујна како и јадења подготвени на скара.

 Хотелот е многу познат по голфот и велосипедизмот и нуди изнајмување на велосипеди и автомобили. Најблискиот аеродром е Меѓународниот аеродром Ngurah Rai, кој се наоѓа на 6 километри од хотелот.

 

STHALA, A TRIBUTE PORTFOLIO HOTEL 5*

Sthala, A Tribute Portfolio Hotel, Ubud Bali нуди сместување во Ubud и е на 3,5 километри од Bali Bird Park. Mоже да се пофали со голем отворен базен со прекрасен поглед и бујно тропско зеленило. Гостите можат да вежбаат во фитнес центарот или да уживаат во масажа во некој од спа објектите. На располагање ви стои shuttle кој има слободен распоред.

Сите соби се опремени со клима уреди, телевизор и мини бар. За дополнителен комфор, на располагање имате фен, влечки и бањарки.

Гостите можат да уживаат во својот оброк во ресторанот на хотелот или да си нарачаaт room service доколку сакаат повеќе приватност. Хотелот располага со 24-часовна рецепција и concierge служба. Исто така гостите кои сакаат да ја истражуваат областа можат да изнајмат велосипед.

Ubud Market и Ubud Palace се на 10 км од хотелот, додека Ubud Monkey Forest е на 9 км. Најблискиот аеродром е Меѓународниот аеродром Ngurah Rai кој е на 30 км оддалеченост.

 

VISALA BOUTIQUE HOTEL 4*

Лоциран на само 10 минути пешачење од Petitenget Beach, Visala Boutique Suites Seminyak нуди одличен тропски одмор, кој има отворен базен и бесплатен WiFi пристап низ целиот хотел.

Потребни се 15 минути пешачење од хотелот до трговскиот центар Seminyak Square и околу 20 минути возење до “славниот” ноќен живот на Legian Street. Аеродромот, Bali Denpasar International Airport e на околу 30 минути возење.

Секоја соба во хотелот е климатизирана и опремена со flat screen телевизор со кабловска, фрижидер, простор за седење и личен сеф. Собите имаат своја сопствена бања со топла и ладна вода, фен, влечки, бањарки како и чисти пешкири и постелнина.

Рецепцијата на хотелот стои на располагање на гостите 24 часа на ден. Љубезниот персонал ќе ви помогне во изнајмување на велосипед или автомобил, превоз до аеродром, резервација за перење или хемиско чистење како и на релаксирачки спа третмани. Гостите исто така секој ден имаат бесплатна housekeeping услуга како и пристап до библиотеката.

Хотелот има сопствена кујна, која служи западни и индонезијски јадења. На само 10 минути од хотелот, за сите оние кои што сакаат да ја истражат околината, се наоѓаат повеќе различни  ресторани.

SARI SEGARA RESORT VILLAS AND SPA 3*

Одликувајќи се со отворен базен и убави градини, Sari Segara Resort & Spa е хотел со поглед на плажа со балиски стил на соби и вклучен појадок. Сместен е на кратка прошетка од  плажата со прекрасен бел песок и ресторани за морска храна на Јimbaran. Бесплатен WiFi интернет е достапен на базенот и во ресторанот.

Пријатните и климатизирани соби имаат ентериер од класично дрво, локални ткаенини и под со плочки. Исто така, имаат кабловска телевизија, приватна тераса и бања со када.

Со поглед на Kedonganan Beach, Sari Segara Resort & Spa е на 15-минути возење од Ngurah Rai Меѓународниот аеродром и 20-минути возење од живописните продавници во Кута. Има бесплатен паркинг, и е на 35-минути возење од Nusa Dua, Sanur и Denpasar City.

Гостите можат да уживаат во релаксирачка балиска масажа или цветна бања во некој од спа-павилјоните. На гостите им е достапен и салон за убавина како и билијард и пинг-понг објекти.

Хотелот има кафуле со опуштен амбиент во кој се служат интернационални и локални јадења. Хотелот има и 24h room service, бар на базенот и коктел lounge.

HOLIDAY INN EXPRESS BARUNA BALI 3*

Сместен на само 2 минути од плажа, Holiday Inn Express се наоѓа во Kuta, 1,1 км од Waterbom Bali. Хотелот има бесплатен приватен паркинг и WiFi интернет.

Сите соби се климатизирани и имаат flat screen телевизори со сателитска програма, сеф и апарати за чај и кафе. Опремена со софа и маса, секоја соба има сопствена бања со туш.

Рецепцијата на хотелот работи 24-часа и персоналот може да им помогне на гостите со багажот како и со услуги за перење и хемиско чистење.

Discovery Shopping Mall е на 1,1 км од Хотелот, додека Kuta Center е на 1,2 км. Меѓународниот аеродром Ngurah Раи е на 1 км од хотелот и може да се организира превоз, со доплата.