AGRICULTURAL Internship And Trainee Programs USA (1)

AGRICULTURAL Internship and Trainee Programs USA

Што претставува програмата?
 
Оваа програма им овозможува на младите професионалци со образование или искуство во областа на земјоделските науки да ги подобрат своите знаења преку професионална пракса во американска компанија и да ги развијат своите вештини во професионалното опкружување во кое тие сакаат да се реализираат. Времетраењето на програмата е до 12 месеци и е погодна за апликнти  кои би сакале не само да го искористат знаењето што го стекнале досега, туку и да го дополнат благодарение на американските методи и техники кои ќе бидат стекнати за време на нивниот престој во САД.
 
 
 
Кој може да аплицира за оваа програмата?
 
Програмата е наменета за млади професионалци кои сеуште студираат или имаат дипломирано во последниве 12 месеци  (INTERNS), како и за оние кои веќе стекнале работно искуство (минимум 5 год. искуство во областа-без диплома и 1 година искуство со диплома во областа), а сакаат да ги надоградат своите знаења и вештини (TRAINEE).
 
~ INTERNS – активни студенти или дипломирани студенти кои дипломирале не повеќе од 12 месеци од датумот на започнување на нивната понуда за работа.
 
~ TRAINEE – апликанти кои имаат диплома или професионален сертификат во дадената област и имаат најмалку една година искуство во истатата. Ако немаат диплома, истите мора да имаат најмалку 5 години искуство во областа за која аплицираат. (се однесува за лица без високо образование)
 
 
 
За да аплицирате  за програмата,  мора да ги исполнувате следниве услови:
 
• Да бидете редовни или дипломирани студенти, со датум на дипломирање не подоцна од 12 месеци пред очекуваниот датум за почеток на стажирањето.
• Доколку имате  диплома од акредитиран универзитет во областа за која аплицирате, а истата ја имате стекнато пред повеќе од 12 месеци, мора да имате најмалку една година работно икуство во соодветната област.
• Доколку немате диплома за завршено високо образование, потрено е да имате најмалку 5 години искуство во соодветната област.
• Познавање на англиски јазик

 
 
Потребни документи?
 
•CV
• Пасош
• Слика
• Превод на дипломата за високо образование (доколку има)
•Препорака од поранешен работодавач / професор 
 
Колку чини програмата?
 
Во зависност од квалификациите на апликантот како и од тоа дали истиот ќе ја плати програмата пред заминување за САД или во рок од 60 дена од пристигнување во САД цената варира од $1800-$2600  за програма во времетраење од 12 месеци
 
 
Што вклучува цената?
 

  • Издавање на дозвола за работа “DS-2019”; Обезбедување на целосен пакет документи за аплицирање за J-1 виза
  • Обезбедување на позиција за стажирање
  •  Пополнување на потребните документи за интервју со Амбасадата на САД;
  • Пополнување на DS2019 ;
  • Подготвително интевју за целите на интервјуто за Ј-1
  • Деталентренинг  план за обука за време на “DS 7002”
  • Медицинско осигурување за целиот период на стажирање
  • Ориентација пред заминувањето во САД
  • Корисни совети за престој во САД 24-часовен повик за итна помош и помош за време на вашиот престој.

  
Дополнителни такси:
 
• SEVIS Fee – 180 УСД
• Надоместок за интервју во Американската амбасада – 160 УСД
• Авионски билет (во зависност од дестинацијата, резервацијата и времето на патување)
• Џепарлак